среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вешто ја криеше од јавност: Таа е последната љубов на Лук Пери (ФОТО)

Вешто ја криеше од јавност: Таа е последната љубов на Лук Пери (ФОТО)

Лук Пери кој почина од мозочен удар, бил свршен со терапевтката Венди Медисон, јавуваат светските медиуми.

Дека биле верени е објавено дури по смртта на омилениот актер од „Беверли Хилс“, во соопштението на неговиот публицист.

Не е познато колку време двојката била заедно, но во 2017-та година се фотографирани како се држат за рака на доделувањето на наградите GLAAD.

Венди (44) која имаше и неколку помали улоги во ТВ-сериите The Mentalist и Crash, сега води приватна клиника за семејства и бракови, а судејќи по нејзината биографија, работи со возрасни, со тинејџери и со двојки кои страдаат од анксиозност.

Таа била покрај Пери во болницата до последен момент, заедно со неговата поранешна сопруга Рејчел Мини Шарп со која има две деца, синот Џек (21) и ќерката Софи (18).

Нивната љубов траеше десет години, а разводот помина речиси незабележително во медиумите.

Најнови вести