Весна Џогани неодамна реши да оди на ботокс и да го промени својот изглед.
Пејачката истакна дека сака само да се подмлади и дека од тоа има потреба, а сега се појави во ново издание.
Таа позираше во розова комбинација, а сите ја забележаа промената на изгледот и ја пофалија.
Да потсетиме, Весна на своите следбеници на социјалните мрежи им откри што направила со своето лице.
-Овој пат направив ботокс за третман на брчки околу очите, ботокс за чело, а потоа направив мезотерапија за сјај и еластичност на кожата. Секоја мезотерапија се прави во зависност од типот на кожата, објаснила пејачката.