сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Весникот ѝ се извини на Меланија Трамп- тоа не смеело да биде објавено, подготвени се да платат и отштета

Весникот ѝ се извини на Меланија Трамп- тоа не смеело да биде објавено, подготвени се да платат и отштета

Членовите на уредништвото и на управата на британскиот дневен весник „Daily Telegraph“ безрезервно ѝ се извинија на правата дама на САД, Меланија Трамп, и се согласија да исплатат отштета за написот објавен минатата седмица.

Во весникот велат дека отштетата ќе биде „значителна“ и ќе ги покрие адвокатските трошоци на сопругата на американскиот претседател. Во соопштението The Daily Telegraph наведува дека во сторијата од насловната страница под насловот „The Mystery of Melania“ се напишани многу неточни информации, пренесува BBC.

Меѓу нив е и податокот според кој професионалната манекенска кариера на актуелната прва дама на САД и не била премногу успешна, додека не го сретнала својот сегашен сопруг, како и тврдењето дека плачела во текот на изборната ноќ во ноември 2016 година.

Од управата на весникот велат дека овие податоци за Меланија Трамп не смееле да бидат објавени, и оти се подготвени да платат отштета.

Во написот објавен во саботното издание на The Daily Telegraph, весникот објавива извинување и наведува дека г-ѓа Трамп била успешна манекенка и модел и пред да го сретен сегашниот сопруг, како и дека успеала во кариерата без негова помош.

Покрај тоа, британскиот весник се извинува и поради тоа што погрешно напишал дека мајката, таткото и сестрата на сегашната г-ѓа Трамп во 2005 година се преселиле во Њујорк, како и дека живеат во зграда која е во сопственост на Доналд Трамп.

Во натписот се демантира и информацијата според којашто таткото на Меланија Трамп изгледал „застрашувачки“, како што претходно пишуваше весникот, и оти не бил строг кон членовите на своето семејство.

Најнови вести