Хрватскиот репрезентативец Домагој Вида со фановите откри дека бил измамен од јавното претпријатие за водовод во Хрватска откако за месец јули му стигнала сметка десет пати поголема од просечната.
Имено фудбалерот во месец јули престојуваше во Русија каде се одржуваше Светското првенство во фудбал, а попратно во Русија беше и неговата сопруга и дете.
Сопругата на фудбалерот на својот Инстаграм профил објави фотографија во која ги предупредува граѓаните на Хрватска да ги проверуваат нивните сметки за вода.
„Проверувајте ги вашите сметки за вода, бидејќи ова што го прават е безобразно. Добро дојдовте во Хрватска каде сметката за вода која не сте ја користеле изнесува 691,66 куни, или околу 6 илјади денари“.
Таа додаде и дека нема да ја плати сметката и дека семејството ќе го тужи јавното претпријатие водовод.
„Што се однесува до мене проблемот е решен. Семејството Вида нема намера да ја плати сметката, па се гледаме на суд.“