Објавени се два нови трејлери за вториот дел од документарната серија „Хари и Меган“, но со важна разлика.
Во видеото објавено на Твитер и на Јутјуб каналот на Нетфликс, се слуша како Хари вели: „Беа среќни да лажат за да го заштитат брат ми“, што може да доведе до заклучок дека овие обвинувања се однесуваат на Палатата.
Меѓутоа, во друго видео од страницата, јасно се укажува дека британските медиуми се тие кои лажеле за безбедноста на Вилијам и кои не сакале да ја кажат вистината за да ги заштитат Меган и Хари, пишува Дејли Мејл.
-Се прашувам што ќе се случеше со нас ако не заминевме тогаш, вели Хари додека Меган додава, „Нашето обезбедување беше повлечено. Сите во светот знаеја каде сме.
„Реков, морав да си одам одовде“, вели британскиот принц.
На екранот се прикажуваат и слики на човек со заматено лице, авион кој лета, слика на Хари од летот за Америка, велејќи дека тоа е лет на слободата.
„Не бев фрлена кај волците, јас бев храна за волците“, забележува Меган.
Хари истакнува дека тој и неговата сопруга биле изложени на институционализирана манипулација. Технолошкиот гуру Кристофер Буси, кој претходно изјави дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам изгледаат премногу старо, се појавува и во новиот трејлер каде истакнува дека тие се „регрутирани луѓе за ширење дезинформации“.
Вториот дел од серијата ќе се прикажува за три дена.