Српскиот водител Огњен Амиџиќ во својата емисија на гостите им поставува незгодни прашања, но им организира и разни игри или предизвици.
Со еден таков предизвик во вчерашното гостување во емисијата, се соочија и пејачката Кија Коцкар и старлетата Станија Добројевиќ. Огњен им објасни дека ќе го прават популарниот Тикток „тортиља предизивик“.
Дел од предизвикот вклучува и удирање шлаканица на противникот со тортиља.
Како изгледаа шлаканиците меѓу овие две девојки среде емисија, погледнете го видеото.