понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: Емотивна сцена од „Пријатели“ го преплави интернетот по смртта на Метју Пери

ВИДЕО: Емотивна сцена од „Пријатели“ го преплави интернетот по смртта на Метју Пери

По веста за смртта на Метју Пери, на интернет се шират бројни објави поврзани со познатиот актер и неговата најпозната улога.

Низ социјалните мрежи се шират бројни најави и снимки од серијата каде Чендлер редовно ги засмејуваше обожавателите на серијата, а бројни колеги и пријатели се простуваат од актерот кој прерано почина.

Сцената која привлече најмногу внимание е онаа кога Џои седи сам во фотелја, гледа телевизија и гласно се смее, а потоа несвесно гледа во фотелјата до него и повторно се смее. Тогаш сфаќа дека фотелјата е празна, односно никој не седи на неа. Џои го крева телефонот, но на крајот се откажува од повикот. Во исто време, неговиот пријател Чендлер исто така поминува време сам.

Многумина оваа сцена веќе ја нарекоа „една од најемотивните во целата серија“, а сега повторно се шири на социјалните мрежи.

Најнови вести