Македонските фудбалски репрезентативци Бобан Николов и Стефан Ристовски се „појавија“ во реалното шоу „Задруга“.
Еден од учесниците во шоуто, кошаркарот Марко Јањушевиќ – Јањуш доби пакет со гардероба меѓу која се најдоа дресовите на Николов и Ристовски кој игра за Спортинг.
Македонските фудбалери, кои Јањуш ги нарече негови браќа, му испратија и тренерки од ФФМ. Марко воодушевен од гестот на Македонците веднаш на себе ги облече дресовите од своите пријатели, а неговите колеги од шоуто му рекоа дека изгледа како да е од Македонија.