петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: Малума на концерт откри дека со партнерката го чекаат првото дете

ВИДЕО: Малума на концерт откри дека со партнерката го чекаат првото дете

Колумбискиот пејач Малума (29) настапи во Вашингтон каде премиерно го прикажа спотот за песната „Procura“.

Преку видеото откри дека тој и неговата девојка Сузана Гомез чекаат дете.

Малума ја забавуваше публиката, а во еден момент седна на подот на сцената. Зад него на големото платно пуштија видео клип за нова песна во која беа прикажани моменти од нивната врска, патувања, излегувања и дружење и одење на лекар.

Прикажано е како Сузана седи во ординацијата, а фановите набрзо сфатиле дека таа отишла на ултразвук. Прикажани се и фотографии од ултразвукот, како и нивната реакција кога за првпат го виделе своето бебе.

На крајот од видеото прикажани се моменти од забавата на која го откриваат полот на бебето. Розовиот чад беше порака дека парот очекува девојче.

Најнови вести