среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: На познатиот музичар му се слоши среде концерт, Карлос Сантана се онесвести на бината

ВИДЕО: На познатиот музичар му се слоши среде концерт, Карлос Сантана се онесвести на бината

Легендарниот гитарист Карлос Сантана (74) се онесвести на бина за време на настап во градот Кларксон во Мичиген, САД.

На социјалните мрежи се објавуваат снимки од концертот, на кои се гледа дека во еден момент Сантана седнува, а потоа и се онесвестува.

Концертот по влошувањето на неговата состојба бил прекинат, а добрата вест е дека тој се освестил додека го изнесувале од бината.

Се уште нема официјални информации за причините и неговата здравствена состојба, но светските медиуми потсетуваат дека минатата година гитаристот имал операција на срцето поради што беа откажани сите настапи во декември.

Најнови вести