понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: Нутриционистка паднала во несвест во емисија во живо: Почнала да пелтечи, па ги превртела очите, а потоа се срушила врз водителката

ВИДЕО: Нутриционистка паднала во несвест во емисија во живо: Почнала да пелтечи, па ги превртела очите, а потоа се срушила врз водителката

Нутриционистката Тереза Коцаро во вторникот се онесвестила на програма во живо. Само неколку секунди откако ја започнала својата презентација на тема како можеме да го замениме шеќерот во исхраната, таа ги превртела очите и колабирала.

Немилиот настан се случил во емисијата „Буенос Диас Америка“, а темата за која зборувала Тереза Коцаро била исхраната на децата.

„Ако сакаме да ги замениме засладувачите или шеќерот, треба да почнеме да користиме кокос, горчливо какао, цимет“, рекла нутриционистот додека разговарала со водителките за тоа како најмалите да се навикнат на овие промени.

„Во ред е ако детето оди на роденден и јаде нешто слатко…“, продолжила таа, пред да почне да пелтечи, а тоа го забележале и водителите и гледачите. Тереза тогаш изгубила свест, водителките притрчале да помогнат, а програмата била прекината.

Медиумите тогаш пренесоа дека нутриционистката се чувствува добро и дека лекарите ја советувале да направи кардиолошки прегледи.

Инаку, неодамна водителката која известуваше за откажаното лансирање на ракетата на НАСА, Џули Чин, итно беше пренесена во болница откако доживеа мозочен удар во живо на преносот. Таа во еден момент им се извини на гледачите и рече дека не се чувствува добро, по што не се врати во студио.

Најнови вести