понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: Панчо – ДНК посака да биде Маријан Стојаноски – ДЈ Шорти се сплоти со ликот на „крушевскиот Павароти“

ВИДЕО: Панчо – ДНК посака да биде Маријан Стојаноски – ДЈ Шорти се сплоти со ликот на „крушевскиот Павароти“

Кога си малечок имаш милион желби… Особено посакуваш да бидеш некој и нешто или поточно како некого кога ќе пораснеш. И тоа останува тајна во тебе, длабоко скриена, потајно посакувана се додека еден ден кога ќе пораснеш не си ја отвориш душата и пред сите јавно не ја откриеш и признаеш, дека кога си бил малечок, си сакал да бидеш како… него!

Токму тоа му се случи на Панчо од „ДНК“ . Денес познат и популарен, си приушти можност да си го оствари сонот, а неговата желба од сништата да стане реалност – да биде на местото на неговиот македонски музички идол од младоста – Маријан Стојаноски!

Владимир Блажев попознат како Панчо ја искористи музичката пауза која естрадата ја стави во лер заради  корона епидемијата, па се договори да се најде со дамата која му овозможи да го доживее тоа блажено чувство, да се најде на местото на нејзиниот некогашен дует партнер и сегашен колега од сериозните музички води.

Колешката на Панчо му излезе од прва во пресрет, па средбата помеѓу него и Андријана Јаневска беше договорена во едно музичко студио. Се разбира, здравствените протоколи запазени, рацете измиени, маските на лице ставени, а и пропишаната социјална дистанца испочитувана. Но затоа близината на емоциите и среќата што ете, конечно Панчо можеше да биде на местото на „неговиот човек“ од младоста – пуштени на најјако!

За професионалци како Андријана и Панчо од проба нема потреба, па спонтано се случи репризата на големиот макфестовски дует хит од почетокот на новиот милинеум, „Љубов ти е адреса“…

Се разбира овој пат во изведба на Андријана и Панчо… на местото на Маријан Стојаноски!

Изведбата маестрална, а пејачот облиен со море од емоции, блескаше од восхит што конечно, ете, дојде и тој ден, заедно со Андријана Јаневска да може во вечниот евергрин да се сплоти, на местото на „крушевскиот Павароти“!

А дека копијата испаднала поверна и од оргиналот, пофалбите сами кажуваат. Особено ако ти ги дал оној, на чие место си посакувал уште од мал да застанеш! А сега кога на неговото место гордо стоиш, и самиот ти се заблагодарува – што постоиш! И после некој нека каже дека, после вака упатените комплименти од една на друга адреса, нема нешто во насловот: „Љубов ти е адреса“!

Најнови вести