вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: Петар Грашо воодушеви со еден гест, му пријде на уличен музичар и заедно го изведоа неговиот голем хит

ВИДЕО: Петар Грашо воодушеви со еден гест, му пријде на уличен музичар и заедно го изведоа неговиот голем хит

Уличните музичари се составен дел од секој град. Ги развеселуваат минувачите, го покажуваат својот талент, но и се обидуваат да заработат.

Еден млад музичар од Загреб имаше среќа да биде придружуван токму од пејачот во моментот кога изведуваше негова песна.

Младиот Давид го изведувал познатиот хит на хрватскиот пејач Петар Грашо „Ако те питају“, кога му се случило нешто неочекувано. Токму во тој момент во близина се нашол Грашо, кој кога го слушнал ДАвид како ја пее неговата песна, не можел да одолее да не му се придружи во настапот.

Двајцата пееле заедно додека околу нив се собирале се повеќе минувачи кои ги слушале и заедно со нив пееле.

Многумина беа воодушевени од оваа несекојдневна глетка од улиците на хрватската престолнина, а се огласи и самиот Грашо кој го пронајде Давид на социјалните мрежи и го сподели видеото со него.

-Браво Давид, напиша Грашо и додаде дека ужива да пее со него.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zagreb.info (@zagreb.info)

Најнови вести