четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: Презентерот на Сител учи од мајка му како да меси леб

ВИДЕО: Презентерот на Сител учи од мајка му како да меси леб

Кризата со белиот леб поттикна многу граѓани да ги подвртат ракавите и да си замесат лепче дома. Меѓу нив е и Спасе Јовановски, презентер на временската прогноза на Сител, кој објави кусо видео од неговиот домашен рецепт за тесто. Како инструктор се јавува неговата мајка, која од позадина му сугерира каде да го посее брашното.

-Искрено, идејата за месењето леб беше потикната од целата актуелна ситуација со лебот. АКО НЕМА ЛЕБ ЌЕ СИ СМЕСИМЕ! Засегнат сум секако, и сметам дека лебот треба да биде достапен за сите. Никој не треба да гладува! Според последната статистика, просечен државјанин на МК не може да си дозволи три оброка во денот, што е срамно и поразително – вели Јовановски.

Бидејќи најпродаваниот бел леб веќе втор ден не е достапен во дел од маркетите, граѓаните се приморани да ја научат техниката на замесување тесто. А тоа воопшто не им оди тешко. Оние кои не сакаат да си ги валкаат рацете, ги користат електричните апарати за леб. На овој начин граѓаните им пратија остра нота на компаниите од пекарската индустрија кои на владината мерка за замрзнување на цената одговорија со запирање на производството.

Најнови вести