Британскиот принц Хари пристигна во Канада каде што ќе живее со сопругата Меган и осуммесечниот син Арчи, по кризата во кралското семејство настаната со ненадејната објава дека се повлекуваат од кралските должности.
Војводата од Сасекс отпатува за Канада откако во неделата првпат се обрати до јавноста по објавувањето на Бакингемската палата дека тој и неговата сопруга се одрекуваат од титулата и нема да ја претставуваат кралицата Елизабета како членови на кралството семејство.
Принцот Хари изјави дека сакаат да продолжат да и служат на кралицата, но оти „тоа не е можно“.
Тој рече дека ќе „чекорат во непознато“, истакнувајќи дека „навистина немало друга опција“.