понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: Ријана се врати на сцената во своето најсекси издание досега

ВИДЕО: Ријана се врати на сцената во своето најсекси издание досега

Пејачката Ријана се врати на сцената во своето најсекси издание досега!

Имено, 34-годишната убавица од Барбадос ги почести своите обожаватели со нова снимка за нејзиниот бренд „Savage X Fenty“, во која таа заводливо ги истакнува своите раскошни облини во црн фустан налик корсет.

Таа ја комплетирала модната комбинација со црни ракавици, златно ланче и чизми над колена. Кон крајот на видеото, Ријана носи и очила за сонце и црно сако.

„Прекрасна – од глава до пети“, „Ова е ремек-дело, ти си ремек-дело“, „Ќе ја носам оваа комбинација на Денот на благодарноста“, се дел од коментарите на нејзините следбеници на Инстаграм.

Како потсетување, Ријана ѝ се врати на музичката сцена после шестгодишна пауза. Минатиот месец, пејачката ја објави песната „Lift Me Up“, која e дел од музиката за новиот филм „Black Panther: Wakanda Forever“.

Песната е посветена на актерот Чедвик Боузман, кој почина во 2020 година, а глумеше во првиот дел од филмската франшиза „Black Panther“.

Најнови вести