недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

(ВИДЕО) Сандра Африка: Би се соблекла за 15.000 евра во овие услови!

(ВИДЕО) Сандра Африка: Би се соблекла за 15.000 евра во овие услови!

Сандра Африка признава дека со нога никогаш не стaпнала во театар, што не ја спречило да ја прифати улогата во претставата на Марко Јовичиќ „Kој ти ја тресе црешата“.

Пеачката, чија кариера започна како играч пратач на Миле Китиќ, бескрајно се радува на театарското деби.

-Не сакам да одам во театар и никогаш во животот не сум гледала претстава. Ме нервираат сите такви големи собири и гужви. Единствено кај што сум била, а да е од тој тип, е една модна ревија и еден концерт, изјави пеачката за српските медиуми, но не објаснила како се соочува со гужвата на нејзините настапи.

Една од главните улоги во претставите „Koј ти ја тресе црешата“, улогата на Црешата, ја добила „преку врски“.

-Мојот долгогодишен пријател Драган Маринковиќ Маца, ме повика да отпеам една песна за потребите на претставата. После тоа дојдовме до идеја да глумам. Ја играм девојката која се вика Цреша и која има две момчиња, но не смеам да откривам што ќе се случува со нив, раскажа Сандра и ги повика сите заинтересирани да ја погледнат премиерата во четврток на 2 јули во „Академија 28“.

Иако не е љубител на театарските уметности, Сандра не би имала ништо против да заигра во филм, и тоа со Милош Биковиќ.

-Тој сјајно се пронајде во улогата на криминалецот Петар Мараш. Баш ми се допадна како се тоа го изнесе. Би ми било драго да бидеме партнери на филмското платно, ги открива своите најскриени желби.

Тоа не е се. Сандра призна и за колку пари би можела да се соблече на филм.

-Секси сцените не ми се нешто непознати затоа што во многу од моите спотови сум провокативно облечена. Би се разголила за некоја потреба на некоја улога и би барала 15 илјади евра. Единствен услов би било се тоа да биде професионално и да изгледа еротски, а не вулгарно, признава таа.

Инаку, „Кој ти ја тресе црешата“, е заснована според филмот „Душкала“ од 1972 година, по текстот на Харолд Пинтер.

Погледнете го прилогот со Сандра Африка со српски медиум.

Најнови вести