недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: Селена Гомез во жестока расправија со обезбедувач

ВИДЕО: Селена Гомез во жестока расправија со обезбедувач

Селена Гомез во петокот присуствуваше на концертот на Бијонсе, а обожавателите го снимија моментот на нејзината расправија со чуварот.

Имено, при пристигнувањето на концерт во Париз, Селена била видена како жестоко се расправа со обезбедувачот кој ја придружувал. Сè уште не е јасно која е причината за нејзината бурна реакција, но сепак се издвојуваат две причини.

Корисниците на социјалните мрежи шпекулираа дека мажот бил дел од нејзиното лично обезбедување, бидејќи неколку пати бил забележан како ја следи за време на концертот и дека доцнење на концертот е причината поради која таа го нападнала.

Според други таа наводно ги бранела своите обожаватели од обезбедувањето кое ги турнало за време на случајната средба.

Најнови вести