Актерот Рами Малек доби Златен глобус за филмот “Боемска Рапсодија“, а наградата му ја додели актерката Никол Кидман.
Меѓутоа, некој успеал да го сними непријатниот момент, во кој се гледа како Никол Кидман го игнорира Малек.
Имено, после прогласувањето на најдобар филм, продуцентите од филмот останале на бината за кратко да поразговараат со актерката, а во разговорот се обидел да се вклучи и Рами.
Сепак, Никол му го завртела грбот, а Рами потоа само ја допрел со раката по грбот и сите заедно ја напуштиле сцената.
Rami Malek trying to talk to Nicole Kidman is like me trying to talk to my crush #goldenglobes pic.twitter.com/WYS4fs6zTd
— Abby Cadabby (@1AbbyRoad) January 7, 2019