понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Викторија Бекам му дава часови по салса на Дејвид (ВИДЕО)

Викторија Бекам му дава часови по салса на Дејвид (ВИДЕО)

Викторија му ги броеше чекорите на сопругот за време на танцот, а и малку му се потсмеваше

Викторија ги одвела сопругот и ќерката Харпер на часови по салса, па сето тоа го сподели со своите следбеници на Инстаграм. Поранешната Спајсица (48), која неодамна ги покажа своите влогерски вештини со носталгичната обиколка на спалната соба од детството, сега се потсмева на напорите на нејзиниот сопруг. Додека Дејвид се обидуваше да се опушти за време на танцот, Викторија го задеваше.

Дизајнерката и мајка на четири деца го започна своето видео додека семејството го паркираше автомобилот и тргна на час.

„Јас, Дејвид и Харпер одиме да танцуваме салса“, рече таа пред камерата на паркингот.

Потоа го покажа поранешниот фудбалер Дејвид како се загрева и се смешка додека таа се шегува:

„Дејвид се загрева на паркингот“.

„Едвај чекам да ја видам салсата на Дејвид Бекам“, се потсмеваше Викторија кога се најдоа во студиото.

Таа за часот по танц облекла тесни црни панталони, маица и високи сандали, додека Дејвид имаше слична комбинација, додавајќи беж колан и бели патики.

Дејвид тогаш призна, покажувајќи го своето тело: „Оа долу е одлично, ова горе е малку тесно“.

„Дали се трудиш да се опуштиш?“, се насмеа Викторија додека нејзиниот сопруг се смееше и одговори „малку“.

Најнови вести