среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИЛ СМИТ НЕПРЕПОЗНАТЛИВ! Сите гледаат во неговото лице и се прашуваат што му се случило (ФОТО)

ВИЛ СМИТ НЕПРЕПОЗНАТЛИВ! Сите гледаат во неговото лице и се прашуваат што му се случило (ФОТО)

Дека стареењето во Холивуд и понатаму е непосакувано, покажува и новиот пример на 53-годишниот актер Вил Смит, кој во месецот на промоција на новиот филм „Кралот Ричард“ очигледно малку се „поправил“, па во бројните британски и американски ТВ емисии се појави во неочекувано младелашко издание и тоа со „трајно зачуден“ израз на лицето.

Многу корисници на Твитер, меѓу останатите, го приметиле неговиот изглед во емисијата „The One Show“ на Би-Би-Си.

„Вил Смит не изгледа како Вил Смит“, „Што направил со лицето?“, „Тој изгледа сосема поинаку, но не можам да разберам зошто“ се само некои од коментарите.

Гледачите забележале дека неговото лице речиси и не се мрдало на видео врската, а кожата му била „испеглана како во времето на принцот од Бел-Ер“.Некои неговата изведба ја нарекле роботска.

Познатиот актер во емисијата ја промовирал филмската биографија во кој го глуми таткото на познатите тенисерки, Серена и Венус Вилијамс.

Најнови вести