Џејда Пинкет-Смит откри дека додека поминувале низ лош период во бракот со Вил Смит, таа го изневерила со Огуст Алсина.
Таа на своето Фејсбук шоу „Разговор на Црвена маса“ каде познатите откриваат најголеми тајни за својот приватен живот, ја откри најголемата тајна пред својот сопруг Вил Смит:
„Ние бевме разделени, па морав да најдам утеха. Се вплеткав во врска со Огуст Алсина“.
Џејда додаде исто така дека Огуст им бил близок пријател на двајцата и дека му помагале кога се борел со здравствени проблеми.
„Ме привлекуваат луѓе на кои можам да им помогнам“, додаде Џејда.
Џејда и Смит се во брак подолго време, а таа претходно беше во брак со раперот Тупак.
Разговорот може да го слушнете тука: