сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вилијамс проговори за своето мрачно минато, откри шокантни детали

Вилијамс проговори за своето мрачно минато, откри шокантни детали

Британскиот пејач Роби Вилијамс проговори за своето мрачно минато кога животот му бил многу поинаков отколку денес. Во тоа време, како што вели, со девојката живеел во „темната куќа“ и консумирал големи количини кокаин.

Признал и дека дури неколкупати размислувал за самоубиство, а причина за тоа биле различините гласови и чекори кои често ги слушал, а кои го наведувале на смрт.

„Тогаш навистина консумирав многу кокаин. Бев во куќата и слушав чекори како се качуваат по скалите, а постепено стануваше сè полошо и полошо. Девојката мислеше дека тоа е нејзиниот дедо, рекол пејачот за Дејли мејл.

„Влегував во колата и седнував на задното седиште. Два месеци подоцна, веќе не можев да се справувам со тоа. Помислив, ако ова продолжи да се случува, ќе се убијам“, раскажува Вилијамс.

„Едно утро се разбудив и видов темна магла на креветот. Бев толку престрашен да отидам до тоалетот и да си ги измијам забите зашто морав да поминам низ маглата. Тогаш ѝ реков на девојката дека заминувам и ѝ реков да дојде со мене. Отидовме во хотел, а подоцна дознав дека таа куќа е изградена над гробишта во која се закопани луѓе кои умреле од чума, се присетува Вилијамс.

Најнови вести