вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вистинска модерна бајка: Како најпосакуваниот маж на светот се заљуби во Амал?

– Заеднички пријател ми се јави и ми рече доаѓам кај тебе, може ли да доведам и пријателка? Се разбира дека не го одбив, а тогаш ми се јави агентот кој ми рече дека ја запознал Амал и дека таа ќе ми биде сопруга- вели Клуни.
Вистинска модерна бајка: Како најпосакуваниот маж на светот се заљуби во Амал?

За време на своето последно телевизиско интервју, Џорџ Клуни објасни колку му било тешко да ја освои сопругата Амал Клуни. Тој исто така открива дека се заљубил по првата средба.

Џорџ и Амал се запознале преку заеднички пријател.

– Заеднички пријател ми се јави и ми рече доаѓам кај тебе, може ли да доведам и пријателка? Се разбира дека не го одбив, а тогаш ми се јави агентот кој ми рече дека ја запознал Амал и дека таа ќе ми биде сопруга- вели Клуни.

Тој раскажува дека запознавањето бил лесниот дел од работата бидејќи освојувањето тогаш почнувало.

-Во почетокот пишував писма во кои велев дека држам заложници и оти ми треба адвокат да ме извлече од ситуацијата, се шегува Клуни и додава: Но шега на страна, како што поминуваше времето, сфатив колку Амал ми се допаѓа и дека е време да преземам конкретни чекори.

Со оглед на тоа што Амал живееше во Лондон, а тој таму снимаше филм, тоа било идеална прилика.

– Отидов во Лондон за да снимам филм, а работевме во музичкото студио на „Аби Роуд“, што е одлично доживување бидејќи таму има оркестар од 150 членови и веднаш добив идеја дека со тоа може да ја импресионирам, вели Клуни и кажува дека ѝ испратил порака на Амал да го посети на снимањето.

Таа му одговорила дека е на состанок кај Муслиманско братство, но дека кога ќе се ослободи ќе дојде.

– Таа се бореше со реални проблеми, а ние снимавме глупав филм и се почувствував засрамено, вели Клуни.

Тие се сретнале и љубовта тргнала, а денес се во среќен брак и родители на близнаци Ел и Александар.

Најнови вести