Скромното момче од Кичево кое пред повеќе од 10 години ја почна својата музичка кариера јако гази напред, но апсолутно ништо не е променето во однос на неговото однесување, тој и понатаму е истиот – ненаметлив, коректен и исклучително културен.
Влатко Лозаноски со прекар Лозано е несомнено нашиот најпопуларен пејач.
Во ексклузивно интервју за “Бекстејџ” ги откри своите новогодишни желби, направи ретроспектива на годината која е веќе зад нас, но и за желбите.