Внуката на покојната леди Дајана Спенсер – Кити Спенсер, ги собра погледите на модната недела во Милано. Таа стана дел од шоуто „Сикретс енд Дајмондс“ на „Долче енд Габана“. На неа беа претставени луксузни вечерни фустани на познатиот бренд.
Прекрасната Кити се појави на подиумот со син фустан, а нејзината визија беше надополнета со екстравагантна тиара. Додатокот се разликува од оние кои сопругата на принцот Чарлс ги носеше уште додека беше жива, но дефинитивно одговара и на нејзината 27-годишна внука.
Спенсер учествуваше и во друга ревија на брендот – „Сикрет дајмондс шоу“, повторно за време на Модната недела во Милано. На неа продефилира со елегантен сребрен фустан и импресивен ѓердан со
скапоцени камења. Очигледно љубовта кон луксузот се наследува.
Кити го одреди учеството во претставувањето на колекциите есен / зима на „Долче енд Габана“ како остварување на сонот и се заблагодари на дизајнерите дека ја направиле дел од нивното неверојатно шоу.
За да биде три пати за среќа, Кити се прошета на подиумот и со екстравагантен црн фустан со десетици принтови на истата марка. Потоа замина на забавата зад сцената со дизајнери и модели, откако не пропушти да објави фотографии во Инстаграм.
Кити Спенсер е во модниот бизнис со години, откако соработувала со модели на многу големи брендови. Минатата година беше избрана од страна на „Долче енд Габана“ како еден од моделите за Модната недела во Милано.
Но, и покрај сите нејзини успеси, таа најчесто ќе биде позната како внуката на принцезата Дајана. И овој факт ја прави уште побарана и посакана.