недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Внукот се роди кога пејачката е најтажна – Гоца Божиновска си ја отвори душата: Две години одев по цркви и се молев, но требало да почине!

Внукот се роди кога пејачката е најтажна – Гоца Божиновска си ја отвори душата: Две години одев по цркви и се молев, но требало да почине!

Српската пејачка Гоца Божиновска гордо зборува за првите моменти поминати со својот внук Зоран Шијан кој во вистинскиот момент пристигна во нејзиниот живот.

Нејзиниот син Мирко Шијан на 9 август стана татко, а пејачката стана баба по прв пат.

-Најубаво чувство на светот, малку сме сите затечени, се привикнуваме, се организираме и ги делиме обврските. Кога се роди бебето тоа беше најголема среќа за нас, не можам да верувам како животот се ми намести, вели таа.

Инаку за пејачката претходно следеше тежок период во животот откако пред неколку месеци ја загуби мајка си, а сега во нејзиниот живот како што вели нема место за тага.

-Бебето пристигна кога бев најтажна во животот. Две години бев тажна и идев по цркви молејќи се за мајка ми која ова лето почина. Дојде Зоран и ме направи најсреќна на целиот свет, вели Божиновска.

Најнови вести