Мило Ѓукановиќ неодамна повторно стана претседател на Црна Гора, а неговата сопруга Лидија Куч прва дама.
За првата дама на Црна Гора малку се знае, а таа сопатничка на Мило цели 30 години. Имено, тие неодамна, во февруари оваа година прославија 3 децении заеднички живот.
Како што пишува во биографијата на црногорскиот лидер, кошарката е „крива“ за средношколската љубов на „прв поглед“ со кошаркарката на Будуќност, правничката Лидија, со која се оженил после осум години забавување, пред својата прва функција.
Го имаат синот Блаж, а како што Лидија своевремено говореше, Мило го сака не затоа што е нејзин сопруг и функционер , туку затоа што „секој ден без него е изгубен“.
Лидија Куч работи како банкарка, а од своето работно место заработува скоро 1.000 евра. Во текот на 2011 година на 2011 во Првата банка заработувала 1.084 евра и возела Ауди А3, пренесуваат „Вијести“.
Позната е по својот истенчен вкус за мода, па многу често носи дизајнерски парчиња. Сепак, ретко се гледа во јавноста.
Сопругата на Мило Ѓукановиќ е добра пријателка со познатата пејачка Катарина Грујиќ.
Убавата црногорка е сопственичка на бројни недвижности, кои ги наследила. Во подгоричката населба Толоши има куќа од 121 квадрат, помошен објект од 12 квадрати, двор од 500 и ливада од 157 квадрати. Исто така, на своето име и шума од 2.411 квадрати, која исто така ја наследила.