четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Во „Пријатели“ беше ексцентричната Фиби: Детали од приватниот живот на актерката Лиса (ФОТО)

Во „Пријатели“ беше ексцентричната Фиби: Детали од приватниот живот на актерката Лиса (ФОТО)

Беше навистина посебна во серијата „Пријатели“ во улогата на единствената и ексцентрична Фиби Буфе. Но, надвор од екраните, актерката Лиса Кудроу води сосема поинаков живот.

Таа денес има 54 години. За улогата на Фиби има добиено награда „Еми“. Оваа награда и бројните признанија беа доволен доказ дека не погрешила кога одлучи да биде актерка наместо да ја исполни првата желба која ја имала, како нејзиниот татко да стане доктор.

Порасна во Калифорнија, со таткото Ли и Мајката Нидра. Има сестра Хелена и брат Дејвид. Дипломирала биологија во Њујорк.

На првиот кастинг за улогата која ја посакувала била одбиена. Вториот обид бил успешен, па таа стана дел од група за комедии.

Патот до холивудскиот врв Лиса го достигна преку улогите во бројни филмови како „Just Temporary”, „Dance with Death”, „Analyze This”, „Dr. Dolittle 2″…. Сепак, улогата во „Пријатели“ ја направи една од најславните актерки во тоа време.

Во приватноста, актерката понекогаш навистина наликува на госпоѓица Фиби. На пример, таа е многу директна во изнесувањето на своето мислење.

Од биолог, стана актерка. На 16-годишна возраст го оперирала носот. Од 1995-та година е во брак со Мишел со кој има 20-годишен син. Нејзиното дете исто така е актер.

Најнови вести