Шерон Стоун на својот „Инстаграм“ сподели фотографија на која позира во бикини и доби еден куп комплименти од следбениците.
Фотографирана е во едноделен костим за капење на лежалка покрај базен, а друштво и прави нејзиното куче Џо.
Во црното бикини, Шерон ја покажа својата витка фигура и во седмата деценија од животот, а следбениците не престанаа да ја опсипуваат со позитивни коментари.
„Изгледаш спектакуларно“, „Неверојатна си“, се само некои од коментарите под фотографијата.
Во една прилика, Шерон откри која е нејзината тајна за добриот изглед.
„Користам добри креми за кожа и се трудам да не заборавам да ги депилирам нозете. Сакам да се занимавам со спорт и мислам дека тоа е клуч на здравјето. Често танцувам. Се занимавам со јога, пилатас, играм со децата, јавам коњи, често одам на плажа“, изјави актерката.
View this post on Instagram