На 76-годишна возраст денеска во Швајцарија почина познатата чешка актерка Зузуана Бурианова, пишува „The Daily Blesk“.
Домашната публика ја запозна и ја засака во серијата „Болница на крајот од градот“, која беше масовно гледана во поранешна Југославија пред речиси 40. години.
Актерката и пејачка беше во брак со покојниот режисер Јан Рохач, со кој се пресели во Швајцарија и тогаш ја заврши својата актерска кариера.
Веста за смртта на Зузуана ја потврди нејзината ќерка.
„Во шок сум, но ќе и приредам голем погреб на мајка ми, каде што нејзините пријатели ќе можат да се простат од неа“, изјавика таа за споменатиот медиум.