Филип Мијатов, поранешното момче на стралетата Ана Корач, на Инстаграм одговараше на прашањата на неговите следбеници и при тоа откри многу тајни на учесничката во реалното шоу „Задруга 2“.
-Тарифата на Ана е од 500 евра, што е почетна цена, па таа оди се’ до 5000 евра. Сепак, не секој може да ја има, бидејќи таа не е во каталогот. Зад неа не стои ниту еден макро, таа работи сама, а со тоа и никој нема докази против неа. Јас не знам дали и како и се правда на мајка и од каде и се парите за скапа облека и автомобил, бидејќи таа нема професија, ако не се земе во предвид оваа, секако. Таа од школо има завршено „курс за берење малини“. Јас и ја платив хируршката операција на носот од 4.700 евра, плус дополнителните трошоци, изјавил Филип за еден српски весник.
Во „Задруга“ таа е во врска со Давид, кој во реалното шоу влезе како момче на Александра Суботиќ која ја изневери токму со Ана.