среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Водител што плива на суво и харфистка под кошот: Димитар е татко – цар, а Сара – мајка со баскет! (ФОТО)

Водител што плива на суво и харфистка под кошот: Димитар е татко – цар, а Сара – мајка со баскет! (ФОТО)

Викенд… Сабота и недела, за едни ден за одмор, за други време за журка и забава, за трети викендите се идеални за минати мигови на заедничка семејна среќа, во која има се: одмор и релаксација, забава и занимација, смешки и насмевки…

Особено ако си среќно и хармонично семејство, а покрај тоа и познато како што се тие: ТВ водителот и маркетинг експерт Димитар Атанасовски и македонската харфистка и поп-пејачка, Сара Мејс, заедно со нивната слатка ќеркичка Илина, се разбира!

Ќерките отсекогаш биле слабост на татковците или барем така велат, па така и во овој случај водителот беше главниот забавувач дома. Временските услови иако среде лето викендов повеќе наликуваа на есенски, па забавата во домот беше неизбежна.

А кога си приморан да бидеш дома, како поинаку ќе си го направиш викендот интересен и себе си и на твоите најмили, ако не се обидеш да испаднеш – цар! Арно ама за да бидеш цар, понекогаш треба повеќе да наликуваш или да се однесуваш како дворски шут! За да и бидеш интересен, занимлив и допадлив на „малата принцеза“ која ако и здодевно, не сака да прави ништо, па дури ни да јаде!

Затоа Димитар најде начин како да ја забавува додека неговата слатка мала убавица обедува. Не со еден, туку со два пара очила за пливање на глава и измислена приказна за волкот или лисицата ќе беше и малото зајаче… и малото раче со полна вилушка шпагети в уста. И после оди кажи дека Димитар не е татко -цар!

Арно ама, какво и да е времето дома здосадува, па малата Илина посака да се прошета. На местото на царот овој пат – „царицата“, која штом излезе од домот харфата и микрофонот ги замени со баскет под кошот.

Имено малата принцеза овој пат наместо уметнички, покажа спортски афинитети, па наместо музика и песна, кошаркарската топка и беше поинтересна. За љубов на својата ќерка, најголема на свет, харфистката под кошот, овој пат беше мајка со баскет!

И додека Илина го полнеше кошот, на „таткото – цар“ Димитар му остана само да снима и фотографира, пред одново да заврне уште некој литар… летен дожд!

Најнови вести