сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Водителката Венди Вилијамс во одбрана на Мајкл Џексон

Водителката Венди Вилијамс во одбрана на Мајкл Џексон

По прикажувањето на документарниот филм за Мајкл Џексон, каде што две момчиња раскажуваат како тој сексуално ги злоставувал, познатата водителка Венди Вилијамс застана во негова одбрана.

-Верувам за „голото туширање“. Но, не верувам дека имало какво било допирање на сексуален начин. Верувам за преноќувањата во ист кревет, како и за ерекциите, за што е одговорна мајката природа. Не верувам за допирањето и не верувам за сексот, истакна таа во својата емисија.

Некои од нејзините Твитер следачи се воодушевени од овој обид да се одбрани контроверзниот пејач, но многумина го сфатија ова како сарказам или пак, можеби како нејзин очај. (МИА)

Најнови вести