Популарниот водител Огњен Амиџиќ примен е во КБЦ Бежаниска коса со обострано воспаление на белите дробови.
Првично беше објавено дека Огњен е наводно позитивен на коронавирус, ама излезе дека информацијата е неточна, а дека водителот е примен во болница од превентивни причини.
Како што дознаваат српските медиуми, Огњен вчера е примен во болница поради благо воспаление на белите дробови. Тестот на корона е негативен, а водителот се чувствува добро.
Добро се чувствувам. Примен сум во болница бидејќи лекарите сакаат да ја следат мојата здравствена состојба – рекол популарниот водител.