Со денови се води медиумска војна меѓу Жељко Митровиќ и Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе. Богдан Илиќ најави документарен филм за Жељко Митровиќ.
Во една од своите „приказни“ на Инстаграм тој најави што ќе биде објавено против сопственикот на „Пинк“ во неговиот документарец.
Филмот кој Богдан го најави вечерва ќе се емитува на неговиот Јутјуб канал, а Илиќ како најава за филмот на својот Инстаграм објави фотографија од Митровиќ со непозната девојка за која Бака тврди дека е „малолетна“.
„Дали ова Милица се подмладила или мрснокосиот к*лја малолетничка по Требиње? Оваа мрсна коса би ја препознал насекаде“, напиша Илиќ на фотографијата што ја сподели.