понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Војната“ продолжува: Сека Алексиќ ја поддржа Дара Бубамара за нејзиниот концерт, а еве што и порача пејачката (ФОТО)

„Војната“ продолжува: Сека Алексиќ ја поддржа Дара Бубамара за нејзиниот концерт, а еве што и порача пејачката (ФОТО)

Сека Алексиќ викендов одржа спектакуларен концерт во белградската арена, а по концертот се одлучи да ја поддржи и нејзината колешка Дара Бубамара која оваа сабота го има закажано нејзиниот концерт.

Инаку да потсетиме дека Сека и Дара не се во најсјајни односи откако Сека го закажа нејзиниот концерт една недела пред концертот на Дара во истата арена, а на прашањето како Дара реагира на поддршката од Сека на социјалните мрежи еве што изјави таа.

-Немам коментар. Јас сум позната по тоа дека на сите им посакувам среќа и по тоа дека сум добар човек и не му посакувам на никого  зло. Оној прв впечаток, а сите го знаат кога дознав за нејзиниот концерт, тоа ми остана во сеќавање и не сакам да разговарам повеќе за тоа.

Таа исто така го коментираше и гестот за поддршка од страна на Сека за нејзиниот концерт.

-Убаво, баш убаво. Во моментов не можам многу да размислувам на тоа, бидејќи стварно размислувам само за мојот концерт, вели Дара Бубамара за српските медиуми.

Најнови вести