сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вонсериска убавина: Адријана Лима објави фотографии во елегантно издание, па го покажа лицето без шминка

Вонсериска убавина: Адријана Лима објави фотографии во елегантно издание, па го покажа лицето без шминка

Адријана Лима покажа како течат подготовките за новата кампања на „Victoria’s Secret“, модната куќа со која соработуваше со години и на која неодамна повторно ѝ се придружи.

Славната Бразилка најави дека денеска ќе започне да се прикажува кампањата за парфемот „Heavenly Fragrance“ на споменатиот бренд.

Таа со својата долга раскошна коса и нежната шминка предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Ѝ порачуваат дека е најубавата жена на светот, а помеѓу оние кои ѝ доделиле комплименти е и манекенката Џиџи Хадид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

Лима отсекогаш била мајстор за трансформации и вистински камелеон кога станува збор за изгледот и стилот што нејзиниот тим од соработници умее да го истакне. Има и такви кои сметаат дека таа на новите фотографии не личи на себе, односно дека фотографиите не се поклопуваат со нејзиниот препознатлив имиџ.

Адријана се претстави на промоцијата на кампањата во фантастично бело одело, модно парче кое е мегапопуларен тренд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Интересно е тоа што манекенката на Инстаграм покажала и како изгледа без грам шминка. Лима воопшто не ја мистифицира својата убавина, а изгледа одлично и нашминкана и во природно издание.

А ако се прашувате како ѝ успева чекор по чекор да ја врати својата линија која ја имаше пред породувањето, одговорот е теретана. Познатата Бразилка неодамна била забележана како излегува од сала за вежбање во Њујорк. Таа е голем поборник на тренинзите.

Најнови вести