петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вреќа за ѓубре или нешто уште полошо? Кендал Џенер на мета на критики поради јакна која чини повеќе од 7.000 долари (ФОТО)

Вреќа за ѓубре или нешто уште полошо? Кендал Џенер на мета на критики поради јакна која чини повеќе од 7.000 долари (ФОТО)

Одредени модни парчиња, а често и скапи брендови, понекогаш е тешко да се сфатат сериозно.

Тоа го потврди и јакната на луксузниот шпански бренд, која ја носеше манекенката Кендал Џенер и набрзо стана предмет на потсмев на Интернет.

Познатата 27-годишна девојка моментално престојува во Аспен, Колорадо, од каде сподели фотографија од планинското одморалиште.

Со темни фармерки и каубојски шешир, позирала во темнозелена бомбер јакна која на многумина им привлекла внимание, но не во позитивно светло.

Имено, многу корисници забележале дека јакната што ја носи манекенката има чудна форма, за што дополнително допринело и тоа што Кендал позирала со рацете во џебовите.

Облеката многумина ги потсетила на некои сосема поинакви работи, вклучително и делови од телото, што предизвика многу реакции.

„Не баш атрактивна јакна“, е еден од коментарите, додека некои ја споредиле со вреќа за ѓубре, но и со женски гради, дури и тестиси.

„Друже, верувам дека е топло и пријатно, но оваа јакна изгледа како дел од машки гениталии“, продолжиле да пишуваат следбениците.

„Благо кажано – наликува на две вреќи со Дедо Мраз“, гласи уште еден од коментарите.

Инаку, јакната е потпис на брендот Loewe, а судејќи по нивниот онлајн сајт, тоа е доста популарно парче, бидејќи таму е наведено дека е распродадено.

Покрај темно зелена, доаѓа и во црна боја, а цената на јакната е 7.750 долари.

Семејството Кардашијан-Џенер е познато по тоа што не штеди на себе, сестрите неколкупати изјавија дека се подготвени да направат многу работи за да изгледаат убаво и негувано.

Најнови вести