недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вртоглава милионска сума неколку месеци по неговата смрт – вдовицата Николина Пишек продаде нешто што за нејзиниот сопруг беше незамисливо

Вртоглава милионска сума неколку месеци по неговата смрт – вдовицата Николина Пишек продаде нешто што за нејзиниот сопруг беше незамисливо

Николина Пишек ја продаде луксузната вила во Загреб која ја купи заедно со покојниот сопруг Видој Ристовиќ за 1,7 милиони евра.

Луксузната вила која ја купија Николина Пишек и нејзиниот покоен сопруг Видоје Ристовиќ во загребскиот Шестин од неодамна е ставена на продажба и само два дена после објавата на огласот на куќата продадена е за 1,7 милиони евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Куќата има 420 квадрати, отворен простор, а се состои од голем двор, кујна која има излез на базен, три спални соби и простор за персоналот. Дворот има 1460 квадрати, се пишуваше во огласот.

Продажната цена била 13 милиони куни, односно 1,7 милиони евра.

„Единствена куќа сместена во Шестин на мирна улица со прекрасен поглед и базен. Планирано е реновирањето да заврши во јануари. Опремена е со врвни материјали, алуминиумска столарија, греење со помош на топлински пумпи, подно греење поставена по целата површина на куќата, „smart house“ систем, опремена за соларни панели, „terrazzo“ подни облоги по целата површина на куќата“, стоеше во описот.

Николина и Видоје куќата ја купија минатата година откако водителката и нивната ќерка се здобија со труење од јаглерод моноксид во својот стан во Загреб, а изненадната смрт на нејзиниот сопруг ги поремети сите планови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Да потсетиме, Видоје Ристовиќ почина изненадно на 44. години. Беше српски историчар на уметноста и сопруг на хрватската водителка и актерка Николина Пишек. Роден е на 25 јули 1978 година во Белград. Потекнува од моќно семејство, а живееше и работеше на релација Белград-Загреб.

Од првиот брак ја има ќерката Матеа, а во декември 2014. година, Николина и Видоје ја добија ќерката Уна Софија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Најнови вести