Српскиот рапер Вук Моб открива дека пред да се смири покрај сопругата Оља со која доби ќерка, отсекогаш бил популарен мешу девојките.
-Прв пат се бакнав кога имав 13 години на море. Тоа беше врска која не траеше. Првиот с**суален однос го имав три години подоцна. Таа девојка беше две години постара од мене и ја лажев за моите години. По средното училиште ги менував девојките како чорапи. Сигурно сум спиел со повеќе од 300, можеби и 400. Спиев со многу пејачки, како слободни така и зафатени. Кога би прозборел многу бракови би завршиле, истакнал раперот.
Вук Моб открива и дека се кае што бил во врска со Кија Коцкар и Тијана Ајфон.
-Кија ја запознав во Германија во еден клуб каде наминав на пијалак пред настап. Таму беше со Бора Сантана. Разменивме броеви и така се започна. Никогаш не сме биле во сериозна врска, немам ништо убаво за неа да кажам. Се каам за многу работи што сум ги направил во животот, па и за тоа што бев со неа, открива тој.
За Тијана Ајфон вели дека не знае што да мисли за неа. Смета дека не бил фер што криел дека се заедно, но ниту денеска не може ништо поконкретно да каже за неа, односно за тоа каков човек е.