Македонската фолкерка Елена Велевска е една од оние во која очите на јавноста се постојано вперени. Заради новите песни и видеоспотовите, приватниот живот во кој не ја одминаа скандалите, па се’ до секојдневните објави на социјалните мрежи на нејзините се’поприовокативни фотографии, со кои Елена како да е опседната.
А зошто и да не, кога веќе здравствените протокколи и околностите заради корона епидемијата не дозволуваат еестрадни настапи, тогаш присуството во јавноста мора некако да се задржи, а со тоа и нивото на популарноста, која доколку те нема, може лесно да потоне во амбис.
По сите овие години присуство на естрадата, Елена собра доволно искуство за да знае дека ако секојдневно на публиката не и „бодеш и очи и уши“, популарноста брзо може да пресуши, а таа лесно може преку ноќ да те заборави. Песни секој ден не се снимаат, видеоспотови уште помалку, ама затоа позирањето и фотографирањето се исто толку важен дел од естрадната професија, па Елена нема да помине ден без да објави по неколку слики од некоја нејзина нова фотосесија.
Се разбира на фотографиите не се слуша гласот, ама се гледа она што плус ти го дарил Бог – стасот. Телесниот раскош сосе сите атрибути со кои природата ја надарила, а естетската хирургија ги надградила, Елена обилно ги користи за да го задржи вниманието на публиката… И кај онаа во Републиката и кај онаа во дијаспората, која така желно и со нетрпение ја очекува.
Затоа Велевска во недостаток на можности за настапи и тоа како знае како да го искористи говорот на телото, за да го привлече вниманието на сите: од оние во градот, до оние во селото!
Летото и големите жештини се како создадени за сликање во бикини, во кои лежат бујните облини на пејачката, која со секоја нова фотографија и секоја нова поза, буди енормна доза на возбуда, копнежи и страсти, бранувајќи ја имагинацијата на машкиот дел од популацијата!
Особено онака исончана, со темно – бронзен тен, во мини бикини со златен дезен, Велевска кај секој вистински маж предизвикува единствено чувство: „Од желба изгорен!“
Затоа и не е чудно што фолкерката со години повеќе од успешно ја тера, својата естрадна кариера. За Елена Велевска и за време на корона, нема рецесија, ако нема тезги, има секси фотесија!