Меган Марк планира да открие пикантерии на кралското семејство во новата сезона на емисија кај водителката Опра Винфри, но војвотката бара еден милион фунти за информациите што ќе ги сподели со светот.
Изворите за магазинот „Mirror“ откриле дека на Меган Маркл понудена ѝ е огромна сума на пари за пред камерата да раскаже што се случило во кралското семејство пред напуштањето на кралството и по нивното заминување.
Според зборовите на аналитичарот на интервјуто, разговорот со Меган Маркл би бил пандан на разговорот со принцезата Дајана во 1995-та година во кое зборувала за неуспешниот брак.
Изворите тврдат дека водителката Опра Винфри е првиот избор за големото интервју, но дека на војвотката ѝ се понудени интервјуа и со други познати водители, но дека сè уште траат преговорите за сумата пари.
Интервјуто ќе се случи откако ќе заврши карантинот поради коронавирусот, затоа што Меган планира да ја врати довербата во луѓето по нападот на британските медиуми.
Британските медиуми пишуваат дека ова е најисчекуваното интервју во новата телевизиска историја.