сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

За некого е урнебесно, за други тажно: Шон Пен на интервју под дејство на лекови за спиење (ВИДЕО)

- Те молам, немој да пушиш повеќе. Не дека ми пречи. Мислам, и моите родители пушеа, па цигарите ми носат радосни спомени од детството. Но знаеш, сакаме уште долго да бидеш со нас, се пошегува водителот по непримерниот гест на гостинот.
За некого е урнебесно, за други тажно: Шон Пен на интервју под дејство на лекови за спиење (ВИДЕО)

 Холивудскиот глумец Шон Пен во ток-шоуто на Стивен Колбер, под дејство на лек за спиење и со цигара в уста ја претстави својата нова книга.

– Се уште го чувствувам ефектот на лекот Амбиен што морав синоќа да го земам поради „црвени очи”, изјави Пен на самиот почеток на интервјуто, одговарајќи на првото прашање – „Како сте?“

Кога пак, Колбер го праша како „Шон Пен под дејство на Амбиен” се разликува од Шон Пен без Амбиен, глумецот вели дека нема суштински разлики, па запали цигара, по што домаќинот на шоуто му понуди и пепелник.

– Те молам, немој да пушиш повеќе. Не дека ми пречи. Мислам, и моите родители пушеа, па цигарите ми носат радосни спомени од детството. Но знаеш, сакаме уште долго да бидеш со нас, се пошегува водителот по непримерниот гест на гостинот.

Пен натаму говореше за својата нова книга „Bob Honey Who Just Do Stuff”, приказна за трговец кој станува убиец. (МИА)

Најнови вести