Пејачката Никол Шерцингер (40) се појави на настан кој го организираше календарот CR Woman 2019.
За оваа прилика Никол облече црвен сатенски асиметричен фустан од модната марка Дона Каран.
Слободното деколте направи пејачката да изгледа уште поатрактивно, а овој необичен фустан Никол го комбинираше со црни чизми.
Фустанот во модните дуќани чини околу 650 фунти и веќе е распродаден. И покрај тоа што направи “бум“, за голем дел од жените оваа скапа креација личи на ноќница за спиење.