Цените на настапите се зголемени за многу српски забавувачи, а причините, според тамошните медиуми, се различни – поголема популарност, снимени нови песни или едноставно нема причина туку ценовникот е различен.
Извор од естрадата, близок до бројни пејачи, откри како се движат бројките за настапи.
Имено, Слоба Радановиќ со еден снимен албум во последната година успеа да достигне цена од дури 12.000 евра по концерт, од досегашните 5.000 до 7.000 евра колку што варирала неговата цена.
Она што е големо изненадување е Михајло Веруовиќ – Војаж, по кој младите девојки се како маѓепсани.
Неодамна наплатил дури 11.000 евра за неговото појавување пред публиката околу два часа на сцената, а причината поради која успева да заработи голема сума е што младите лудуваат по него. Изворот додава дека цените најмногу скокаат кај пејачите кога ќе издадат добар хит.
Ацо Пејовиќ до пред една година по настап ја зголемува сметката за 10.000 евра, но сега неговата редовна цена отиде на 12.000.
Во претходните три години, кога се во прашање отворените настапи, Јелена Розга, Бајага и бендот Лексингтон ја задржаа цената – 10.000 евра.
Од друга страна, пејачките Јелена Томашевиќ и Анџелина пеат за 6.000 евра, додека цената на Сара Јо од 4.000 скокнала на 6.000 евра.