Кралицата на поп-музиката направила скандал во емисијата на американскиот водител Џими Фелон, додека гостувала во неговата емисија „„The Tonight Show“.
Разговорот течел нормално сѐ до моментот кога пејачката почнала да зборува за писателот Џејмс Болдвин.
– Тој беше голем извор на инспирација, а една од работите што ги цитирам одново е дека уметниците се тука да го нарушат мирот. Затоа се надевам дека го нарушив не само вашиот мир денес попладне, туку и мирот на луѓето кои ја гледаат емисијата. Но, тоа го мислам на најдобар начин – рекла Мадона.
Потоа, Мадона прво се качила на масата, облечена во кратко здолниште, а кога водителот видел дека здолништето ќе се крене нагоре и ќе блесне задникот на пејачката, го соблекол сопственото палто и ја покрил.
Мадона потоа се симнала од масата, се свртела со грб кон публиката и камерата и го кренала здолништето.
Публиката била воодушевена и смеејќи се аплаудирала.
Имено, 63-годишната пејачка, откако Фелон ѝ кажал дека таа секогаш е прва во сè и успева да ги изненади луѓето и да им го „наруши мирот“, Мадона одлучила уште еднаш да го демонстрира тоа на лице место.
Секако, снимката веднаш стана тема број 1 на социјалните мрежи.