Пејачот Слоба Радановиќ, кој наскоро ќе се проба како актер, денеска повторно се покажа како вистински херој и ги изненади сите со своите постапки во центарот на Белград.
Инцидентот се случил кога постар маж удрил со автомобил во велосипед – доставувач на храна и се однесувал непријатно кон него, на што реагирал Слоба.
Пејачот се нашол на лице место и излегол од својот автомобил за да му помогне на човекот кој возачот го удрил и соборил.
– Кога видел за што се работи, Слоба лут излегол од автомобилот и сакал да му помогне на човекот кој дрско бил соборен од постар возач со неговиот автомобил. Сите околу него му помогнале и биле изненадени колку брзо Слоба реагирал, изјавил извор кој бил присутен на настанот.
– На крајот, постариот возач кој го удри доставувачот си замина брзо. Кога Слоба виде дека се е како што треба со доставувачот, стана и си замина. И овој пат пејачот брзо реагираше и го реши проблемот, заклучи тој.