Со само 17 години, Аврил Лавињ беше најмладата жена соло изведувач што го достигнала првото место на најпродаваниот албум во Велика Британија, а сè уште изгледа како да била на почетокот на нејзината кариера.
Рок принцезата, како што многумина ја нарекуваа, се чини дека не остарела ниту еден ден од објавувањето на нејзиниот сингл „Complicated“, со кој доживеа светска слава во 2002 година. „Don’t Tell Me“, „How Does It Feel“ и други беа неизбежни песни на забавите во раните 2000-ти. Меѓутоа, оваа талентирана жена имала тежок здравствен проблем кој и го одбележал животот.
Во интервју за „Билборд“ пред извесно време таа изјави дека во 2014 година боледувала од Лајмска болест и дека поминала две тешки години на лекување:
– Бев во кревет две години. Болеста ја пренесува крлеж кој е заразен со спирална бактерија и морав да пијам неколку различни антибиотици во исто време, кои полека ја убиваат таа бактерија, открила тогаш Аврил.
Долготрајното избегнување од сцената било предизвикано од лошата физичка и психичка состојба, но пејачката последните година се врати во музичките води, пренесува Б92.
Некои обожаватели сè уште тврдат дека Аврил не е меѓу живите и дека умрела во средината на нејзината популарност и дека ја заменила девојка по име Мелиса. Едно време, Аврил накратко искоментирала на тоа: „Да, некои мислат дека јас не сум вистинската јас, што е многу чудно! Зошто побогу некој би помислил такво нешто?“, кратко прокоментирала таа.
Зад неа е тежок период, а во средата била фотографирана во Санта Моника со своето момче Мода Сана. Рокерската двојка изгледала задоволно и среќно, а Мод претходно бил во врска со актерката Бела Торн и пејачката Деми Ловато.