Ричард Гир и неговата сопруга Алехандра Силва го добија второто дете.
Седумдесетгодишниот актер и 33 години помладата Силва повторно имаат машко бебе, кое дојде на овој свет две години откако им се роди синот Александер.
Тие живеат на ранч во близина на Њујорк.
И Гир и шпанската активистка имаат дете од претходен брак.
Гир и Силва се венчаа во април 2018 на приватна граѓанска церемонија во Шпанија, а потоа го прославија тоа во неговиот дом во Њујорк. Тие се запознале во 2014 година во Италија, кадешто Алехандра во тоа време раководела со хотел.